Баерн со двајца играчи помалку до бод во Леверкузен!

32
ФОТО:facebook.com/fcbayern.en/

Баер – Баерн 1:1 во дербито на колото во Бундеслигата, кое се одигра попладнево на “Бај Арената“ во Леверкузен, во рамките на 26.коло. И веднаш да кажеме дека лидерот ова дерби го заврши со двајца играчи помалку ако се знае дека црвени картони добија Џексон и Диас.

Ова беше дуел и на последните шампиони во Германија, а Леверкузен поведе со голот на Гарсија во 6.минута. Дваесет минути гостите постигнаа гол за 1:1, но по реакцијата на ВАР тој беше поништен. Во 61.минута уште еднаш ВАР беше против Баерн, сега му беше поништен гол на Хари Кејн. Сепак “баварците“ израмнија во 69.минута со голот на Диас кој по неколку минути доби втор жолт, односно црвен картон.

Во 90+3.минута Хофман ги израдува домашните, но таа радост кусо траешем, и сега ВАР реагираше па беше поништен овој гол на домашните.

Па така на крајот останаа тие 1:1 како конечен резултат.

На останатите мечеви Дортмунд славеше со 2:0 против Аугсбург со головите на Адејеми и Реџиани, Франкфурт со минимални 1:0 го победи Хајденхајм, а Хофенхајм и Волфсбург одиграа 1:1.

ПретходноХерера со гол во 90.минута му донесе победа на Борац на “Грбавица“!
СледноАтлетико минимално против Хетафе