Попладнево се одиграа сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Според очекувањата, сите водечки екипи победија, па така и натаму неизвесноста е на сцена во поглед на горниот дел на табелата а Охрид и натаму е лидер.
Токму Охрид со 0:1 славеше кај Кожув на едно тешко гостување во Гевгелија, големи три бода за лидерот. Шкендија Арачиново како домаќин го “скрши“ Детонит со 1:0 па така и натаму е со -1 бод во однос на лидерот на табелата.
Очекувано Скопје славеше висока и убедлива победа во Прилеп кај Победа и тоа со 0:5.
Брегалница дојде до нови три бода по триумфот дома со Саса а Беласица исто така дома успеа да освои три бода против Слога (В). Интересно беше во Тетово, каде Тетекс со 2:1 го победи составот на Новаци.
РЕЗУЛТАТИ – 20.КОЛО
Беласица – Слога (В) 3:0
Брегалница – Саса 3:1
Кожув – Охрид 0:1
Победа – Скопје 0:5
Шкендија (А) – Детонит 1:0
Тетекс – Новаци 2:1
Вардар (Н) – Преспа 2:1
Осогово – Г. Коњари
ТАБЕЛА
Охрид 46, Шкендија (А) 45, Скопје 44, Брегалница 43, Беласица 40…










