Убедлива победа за кошаркарките на Кожув на денешниот последен натпревар од 19. коло во домашниот шампионат. На гостувањето против Ангели, тимот од Гевгелија имаше апсолутна доминација, славеше со 69:99 и на крајот ја прокнижи својата десетта победа со која и натаму останува меѓу кандидатите за пласман во плеј-офот.
Денеска, Кожув одигра одлично тимски, па дури петмина кошаркари на крајот завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Декариус со 16, а по него и нашиот репрезентативец Симиќ со 15 поени. Хауг со 16 и Цуцковиќ со 14 поени беа најистакнати кај домашните.
Ангели денеска го запишаа 18-иот пораз и останаа залепени на дното на табелата.









