Мечот помеѓу Пелистер и Гостивар е одложен за понеделник!

108
Фото: КК Гостивар

Натпреварот од кошаркарската Супер-лига меѓу Пелистер и Гостивар што требаше да биде одигран утре, е презакажан за понеделник со почеток во 19 часот.

Причина за одлагањето е трагичната смрт на спортскиот директор на КК Гостивар, Ѓорѓи Божиноски, кој почина денеска.

„КК Гостивар побара, а Пелистер без размислување прифати – дуелот да биде презакажан и истиот ќе биде на програмата в понеделник. КК Пелистер во оваа прилика искажува искрено сочувство до КК Гостивар и до семејството на Ѓорѓи Божиноски“, сооптшија од таборот на Пелистер. 

ПретходноПодмладената Македонија убедливо поразена од Грција
СледноВардар со пенал во судиското продолжение ја победи Брера