Пикфорд го „лансира“ Арсенал кон титулата, Гордон за победа на Њукасл на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

79
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Арсенал славеа против Евертон со 2:0 во натпреварот од 30-тото коло од англиската Премиер лига. Лидерот на табелата покажа малку, речиси ништо, но сепак освои три бода и сега има дури 10 повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Херој на „Емирати“ вечерва беше голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, кој му дозволи на Виктор Ѓокерес да постигне гол, а во последните моменти, 16-годишниот Макс Дауман ја разубави „забавата“ на Арсенал со нов гол во празната мрежа на Евертон.

Во дуелот меѓу двајцата претставници на Англија во осминафиналето од Лигата на шампионите, Њукасл го победи Челзи како гостин на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Арон Гордон, во 18-тата минута.

ПретходноСтоле и Валенсија поразени кај Овиедо
СледноТомовски брилијантен, 12 одбрани – нова победа!