ПМФЛ полувреме: Вардар и Брера засега без голови

88

Во рамките од новото 23. коло од ПМФЛ шампионатот во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје тимот на Вардар ја пречекува Брера.

На полувреме резултатот е 0:0, во игра во која Вардар имаше повеќе ситуации да го отвори резултатот.

Омерагиќ имаше две ситуации од кој едната со глава по корнер, а едната по грешката на Велкоски и асистенцијата на Тодоровски во која шутираше покрај голот. Матиќ имаше ситуација од прекин но стоперот беше непрецизен. Бабунски се обиде од поле но и од прекин, но неговите удари завршија над голот.

 

ПретходноИсејни: Задоволен сум од двете контроли со Летонија!
СледноСупер вест за Ханси Флик и Барселона!