Подмладената Македонија убедливо поразена од Грција

26
Фото: ФИБА

Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша четвртиот пораз во квалификциите за Европското првенство 2027 година. Избраничките на селекторот, Александар Ашаданов беа убедливо совладани на гостински терен кај лидерот Грција со 101-47.

Со овој пораз, Македонија останува последна во групата Ф со скор од победа и четири порази.

Грција одигра две добри четвртини, мечот го отворија со 29-7, на одморот беше 49-22. Печат на победата домаќинот стави во третата четвртина која ја доби со 28-5. Помладениот состав на Македонија не можеше да се справи со силното темпо кое го наметнаа противникот.

И овој пат наша најдобра кошаркарка беше Хемпе со 21 поени и 8 скока, седум поени имаше Стојановска, додека 7 запиша Слецова.

Следен противник на нашите кошаркарки е Хрватска, мечот се игра на 17 овој месец во Скопје.

ПретходноНе знае за доста: Марио Илиевски повторно стрелец за Приштина!
СледноМечот помеѓу Пелистер и Гостивар е одложен за понеделник!