Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на спринт трката на Големата награда на Кина во шампионатот на Формула 1.
Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, ја заврши спринт трката на второто место, со заостанување од 0,674 секунди, додека неговиот соиграч Луис Хамилтон го освои третото место, со заостанување од 2,554 секунди зад Расел.
Актуелниот шампион Ландо Норис од Мекларен беше четврти, додека бодови освоија и Кими Антонели (Мерцедес), Оскар Пјастре (Мекларен), Лиам Лосон (Рејсинг Булс) и Оливер Берман (Хас).
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја заврши спринт трката на деветтото место.
Главната трка за Големата награда на Кина ќе се одржи утре во 8 часот.
Расел е водечки во генералниот пласман со 33 бода, Антонели е втор со 22, исто колку и Леклер на третото место.
Мерцедес е прв во тимската конкуренција со 55 бода, второпласираниот Ферари е со 40, а третопласираниот Мекларен е со 18.
GEORGE RUSSELL IS OUR FIRST SPRINT WINNER OF THE SEASON! 👏
What a drive from the Drivers’ Championship leader! 💪#F1Sprint #ChineseGP @Gatorade pic.twitter.com/ofGzd4UNFU
— Formula 1 (@F1) March 14, 2026










