Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

83
фото: Real Madrid CF( X)

Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига.

Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, има огромни проблеми со повредите, па вечерва не можеше да ротира меѓу два дуела со Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој го испрати на теренот речиси истиот тим што го декласираше Сити во средата (3:0) и ја заврши работата веќе по првото полувреме, благодарение на ефектните голови на Антонио Ридигер и Феде Валверде.

Третиот гол за Реал го постигна Хаусен, по што елче намали на 3:1 благодарение на Моран Ибањез, кој си постигна автогол во 85-тата минута. За крај, магијата на Арда Ѓулер, кој ги постави конечните 4:1 во 89-тата минута.

Турчинот го пресече нападот на гостите длабоко во својата половина, ја крена главата, виде дека голманот Дитуро е далеку од својот гол, реши да шутира од над 60 метри, беше прецизен и постигна фантастичен гол.

ПретходноСити повторно „киксна“: Вака не се освојува титула во Англија!