Атлетико минимално против Хетафе

25
фото: Atlético de Madrid @Atleti (X)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Хетафе на својот стадион со 1:0, во малото градско дерби кое се одигра во рамките на 28-то коло од шпанската Ла Лига. Аргентинското десно крило Нахуел Молина го реши дуелот со фантастичен гол веќе во осмата минута.

Ова беше можеби најдобриот во оваа сезона. Сепак, детаљот за кој најмногу ќе се зборува по овој натпревар се случи во 55-тата минута. Гостинскиот дефанзивец Акбар и домашниот напаѓач Серлот беа во дуел без топка на средината од теренот, се степаа сериозно, Мароканецот му рече нешто на Норвежанецот, потоа го допре, а потоа Серлот го повлече за рака и го фрли на земја.

Судијата Ортиз отиде да ја гледа оваа ситуација и на општо чудење на сите фудбалски познавачи, одлучи да му покаже црвен картон само на Акбар.

Атлетико се врати на третото место на табелата со 57 бода, додека Хетафе е деветти со 35.

ПретходноБаерн со двајца играчи помалку до бод во Леверкузен!
СледноФИФА сака да го зголеми бројот на учесници на Светското клупско првенство, УЕФА ќе го блокира!