Вардар се враќа на Арената: „Црвено-црните“ без отстапки и против Брера

75

Лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, екипата на Вардар денеска на домашен терен (14:30 минути) ќе го стартува третиот и воедно последен круг од годинешниот државен шампионат.

„Црвено-црните“ се враќаат на Арената „Тодор Проески“ откако неколку мечеви ги одигра на комплексот „Петар Милошевски“, а денеска таму пристигнува екипата на Брера Струмица. Екипа која што пролетва нанижа неколку добро одиграни средби, и која секако дека посакува на нашиот најголем стадион да се прикаже во најдобро светло.

Од друга страна пак, Вардар се знае дека на секој меч оди на победа, и затоа е и со статус на лидер на табелата.

„Нормално дека како и на секој меч и денеска се очекува наш триумф. Ова е Вардар и нема одстапки од тоа. Брера е квалитетен ривал, но ние немаме друга опција освен три бода. Арената секогаш е мотив плус да се одигра супер меч, во најдобри можни услови“, велат од таборот на „црвено-црните“.

На последните три меча скорот на Вардар е колоритен што се вели. Ремито во Струга, па шок поразот против Шкендија во домашни услови за да на крајот од вторито круг биде освоен цел плен во Кратово. Лидерското место сеуште е сигурно со три нода предност пред Шкендија.

ПретходноСкаутинг службата на ФФМ со уште еден успех: Мухамед Куртиши од Базел се одлучи за Македонија
СледноКвалификации за ЕП 2027: Македонските кошаркарки гостуваат кај фаворитот Грција