Со голот на Горан Закариќ во последните моменти од мечот од пенал, тимот на Вардар предмалку на Арената Тодор Проески во Скопје успеа да слави над Брера и на тој начин да дојде до минимален триумф од 1:0.
Клучниот момент се случи во судиското продолжение од мечот кога Спахиу шутираше, Велков блокираше со рака, па бешпе досуден пенал.
Првото полувреме од мечот, како што всушност мина и целиот тек на дуелот, мина во теренска иницијатива на Вардар во која домаќинот не создаде од игра стопроцентна шанса, а Брера беше солидно поставена и тактички добро стоеше.
Омерагиќ имаше две ситуации една со глава една со лева нога, но и во двата случаји беше непрецизен, за да следната ситуација ја има Мислав Матиќ.Давид Бабунски на два пати се обиде една од слободен удар, и еднаш од поле но не успеа посериозно да го загрози голот на Брера.
Во вториот дел иста слика на теренот на Арената. Вардар со теренска иницијатива, Брера добро поставена не дозволи посриозни атаци врз нејзиниот гол.
Цветковиќ се обиде од лево но Диковски беше сигурен и на место. Измените кои што ги направии домашниот тренер Гоце Седлоски не донесоа промени што се однесува до заканите кон противничкиот гол. Корнерите главна тема, во кои Дарко Велковски имаше два обида обата преку голот.
Во судиското продолжение, Закариќ нафрли остро на петерецот но Омерагиќ за сантиметри беше покус и не ја зафати топката.
Сепак, во петтата минута од продолжението, ударот на Едис Спахиу заврши во раката на Велков, а по ВАР консултацијата главниот судија досуди пенал. Сигурен реализатор на ударот од белата точка го реализираше Горан Закариќ.















