ВМФЛ: Брегалница мора до трите бода, лидерот на тешко гостување во Гевгелија

86
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Денеска од 14:30 часот се играат сите осум средби од 20.коло во Втората лига. Нема класично дерби, но затоа неколку мечеви се издвојуваат според важноста во поглед на горниот дел на табелата.

Брегалница дома игра со Саса и мора, ама баш мора штипските “сини“ да дојдат до трите бода. Само со победа ќе бидат во “игра“ за тоа прво место кое води директно во елитата.

Лидерот, тимот на Охрид има тешко гостување кај Кожув во Гевгелија а второпласиртаната Шкендија (А) го дочекува дома составот на Детонит кој може да направи проблеми. “Пиратите“ и гостуваат на Победа. Беласица ја пречекува Слога (В) и очекува победа, додека Новаци му гостуваат на Тетекс.

ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО ВО ВМФЛ – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

Беласица – Слога (В)

Брегалница – Саса

Кожув – Охрид

Осогово – Г. Коњари

Победа – Скопје

Шкендија (А) – Детонит

Тетекс – Новаци

Вардар (Н) – Преспа

ТАБЕЛА

Охрид 43, Шкендија (А) 42, Скопје 41, Брегалница 40, Беласица 37, Новаци 36, Детонит 35, Осогово 33, Кожув 29, Саса 24, Тетекс 24, Преспа 12, Вардар (Н) 12, Победа 11, Слога (В) 8, Г. Коњари 4.

ПретходноРеал направи список: Флорентино ќе мора да купи најмалку шест играчи ова лето!
СледноРасел славеше во спринтот во Шангај – Верстапен го „нема на мапа“