Ракометарите на Прилеп со нова победа над МРК Куманово останаа лидери на плеј-аут табелата во домашната Суперлига. Попладнево на домашен терен, Прилеп славеше против МРК Куманово со 29:25 со што ја запиша дванаесетата победа.
Интересно, МРК Куманово одигра одлично прво полувреме и на пауза замина со предност од 12:13, а во вториот дел дури имаа и два гола предност некаде до 44. минута. Потоа дојде пад во играта кај гостите, Прилеп тоа го искористи и во последниот период од мечот направи комплетен пресврт за победа.
Цветаноски со 8 гола ги предводеше прилепчани, додека кај кумановци најефикасен беше Димевски исто така со 8 гола.










