Растодер повторно погоди: 12-ти гол за нашиот репрезентативец во Швајцарија

68
ФОТО: FC Thun/FB

Македонскиот репрезентативен напаѓач Елмин Растодер продолжува да ги тресе противничките мрежи во швајцарскиот шампионат. Денеска во новата победа на неговиот Тун кој е лидер во шампионатот, Растодер повторно се запиша меѓу стрелците.

Тун славеше убедливо со 5:1 над екипата на Грасхоперс, а Растодер погоди во 61. минута за водство на домашните од 4:1. За нашиот репрезентативец ова беше 12-тиот гол оваа сезона што го остава во ТОП 4 листата на најдобри стрелци во швајцарското првенство.

ПретходноНаполи со пресврт до три бода, Елмас одигра едно полувреме
СледноПрилеп останува лидер во плеј-аутот