Борац Бања Лука само благодарение на Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера успеа да дојде до победа на гости кај Железничар и тоа со 0:1 на “Грбавица“ среде Сараево. Голот падна во 90.минута за големи три бода за тимот од Бања Лука.
Убав гол за убава и екстра важна победа на тимот на Херера, да споменеме дека Дамјан Шишковски, репрезентативниот голман, остана на клупата на гостите. А јасно е дека во нападот на Железничар не беше Матеј Цветаноски кој минатиот месец потешко се повреди, скршеница на ногата.
Со овие три бода Борац Бања Лука уште повеќе се зацврсти на лидерската позиција на табелата во елитната лига во БИХ.










