„Бомбата“ на Ибраими доволна за триумф на Шкендија над Арсими (ВИДЕО)

150

Актуелниот бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Шкендија, успеа денеска во рамките од 23. коло да го совлада на свој терен тимот на Арсими. Конечниот резултат гласи 1:0, а клучен момент на овој дуел беше прекрасниот гол на Бесарт Ибраими во првото полувреме.

Поточно, во 18. минута кога искусниот капитен на Шкендија успеа да мине во „слалом“ двајца противнички дефанзивци и да „распали“ во негов стил по топката. Неодбранливо за голема радост на публиката на стадионот во Тетово.

Потоа, домаќинот знаеше како да ја сочува оваа минимална предност и да стигне до планираните три бода.

Сега Шкендија има на своето конто 55. три помалку од лидерот Вардар, додека пак Арсими е осми со 26 бода.

ПретходноМајорка со пресврт до домашен триумф
СледноСоопштение на клубот од Градски парк: Kому му пречи КК Работнички?