Во Охрид победи хуманоста – со срце за Ева!

49
Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Алкалоид имаше хуманитарен карактер. Во салата имаше кутија за донации за 10 годишната Ева која се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Иако вчерашниот натпревар заврши со нерешен резултат, сепак на крајот имаше победник!
Победи нашиот Охрид, победивте Вие, Охриѓани! Победи Вашата хуманост, победи заедништвото и сплотеноста во поддршката за најважната битка на нашата Ева! Охрид и Охриѓани биле, се и ќе останат хумани!
Охриѓани одговорија на апелот, па така на вчерашниот натпревар беа собрани парични средства во износ од 223.860,00 денари, кои во текот на наредните денови ќе бидат уплатени на сметка на Ева.
Благодариме Охриде!
Со срце за Охрид, од срце за Ева!!!“, соопштија од ГРК Охрид. 
ПретходноШкендија нема друг избор освен победа против Арсими: За нас секој натпревар е како финале!
СледноФФМ со важно известување за навивачите кои поседуваат билети за дуелот со Данска