Маџари без проблеми до победа против Чаир!

23

Кошаркарите на Маџари вечерва на свој терен во меч од 19.коло во елитната лига на Македонија, успеаја да го победат градскиот ривал Чаир со 105:83.

Ова беше нивната десетта победа сезонава а за Чаир беше десетти пораз, сега Маџари по некомплетното коло се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Домашните кошаркари во целост го надиграа својот противник. Од стартот на мечот поведоа и таа предност само ја билдаа а на крајот и заслужено победија.

Маџари ја добија првата четвртина со 27:19, а втората со уште поубедливи 25:15, па така на пауза заминаа со +18 поени разлика и тука ја скршија секоја помисла на гостинот дека може нешто да направи на оваа средба.

Во продолжение од средбата Чаир сепак колку – толку се прибра и не дозволи таа разлика уште повеќе да расте во корист на домашниот состав, па така на крајот Маџари победи со “стотка“ или 105 поени, гостите завршија со 83 поени.

Кога сме кај поените најефикасен кај победничкиот состав беше Армстронг со 22 поени, два помалку запиша Димчевски. Кај гостите се истакна Билингсли со 19 поени.

Претходно“Извини мамо, ама…!“(ФОТО)
СледноСо најдобриот на реваншот на „Етихад“: Мбапе се врати на тренинзите на Реал!(ФОТО)