Утре и официјално новиот селектор Гоце Седлоски ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот бараж за пласман на СП 2026, за дуелот со Данска (26 март) а потоа и за мечот со Чешка/Р. Ирска (31 март).
Како што иформираат од страна на Фудбалската федерација на Македонија, Седлоски утре во просториите на ФФМ во 12 часот ќе го официјализира списокот а ќе одржи и прес – конференција каде ќе ја запознае јавноста за тоа како нашата А-репрезентација ќе се подготвува за овие мечеви.
Да потсетиме дека ако ја победиме Данска во Копенхаген тогаш за пласман на СП ќе играме против победникот од мечот Чешка – Р. Ирска. Во случај да не успееме да славиме во Копенхаген тогаш ќе ги одмериме силите со поразаениот од тој меч во битка за 3.место што не води на Мундијалот.
Што се однесува до списокот јасно е дека на него ќе бидат новакот Имран Фетаи од Шкендија, повратникот Љупче Дориев, ако се знае дека самите нивни клубови се пофалија дека добиле повик од Седлоски.










