Соопштение на клубот од Градски парк: Kому му пречи КК Работнички?

118

Трофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички предмалку излезе со соопштение во кое отворено се жали на како што самиот тврди судиските неправди кои што на овој тим му се случуваат сезонава до домашниот шампионат.

Според тимот од Градски парк, посебен проблем е Александар Давидов, арбитарот кој со своите одлуки предизвикува револт кај управата, стручниот штаб, играчите и навивачите на КК Работнички.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

КК Работнички изразува сериозен револт и незадоволство по последните случувања на натпреварите од домашното првенство, кои повторно отвораат прашање – кому му пречи Работнички?
Нашиот клуб уште еднаш се почувствува директно оштетен од судиските одлуки, кои во повеќе наврати беа на наша штета и влијаеја врз текот и исходот на натпреварот. Особено сме разочарани од арбитражата на судијата Александар Давидов чии одлуки предизвикаа голем револт кај играчите, стручниот штаб и кај нашите навивачи.
Работнички како клуб со богата традиција и огромен придонес во македонската кошарка не може и нема да молчи кога повторно е оштетен од судиските критериуми. Поради тоа јавно порачуваме дека не сакаме судијата Александар Давидов повторно да биде делегиран на натпревари на нашиот клуб, бидејќи довербата во неговата објективност е сериозно нарушена.
Поради неговата арбитража на дуелот со Феникс, бараме санкции за Давидов од страна на КФМ бидејќи само така може да се стави крај на неправдите и да се заштити интегритетот на натпреварувањето.
КК Работнички се надева дека надлежните органи во КФМ сериозно ќе ги разгледаат овие случувања, со цел во иднина да се спречат вакви ситуации и да се обезбеди фер и рамноправно судење за сите клубови.
Со почит,
КК Работнички

 

Претходно„Бомбата“ на Ибраими доволна за триумф на Шкендија над Арсими (ВИДЕО)
СледноЈунајтед им се враќа на победите