Тиквеш размислува само на победа денеска

35

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. Коло од ПМФЛ шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи. Дуелот е закажан со почеток во 12 часот.

Дуел кој што како и речиси сите во кои учевствуваат чаирчани пролетва има само еден правец но домаќинот мора да е претпазлив.

„Нормално дека на овој дуел се влегува максимално професионално и сконцентрирано. Шкупи има квалитетни млади играчи, не сме да има никакво опуптање и предвреме впишување на бодовите. Тиквеш денеска од првата минута ќе се посвети на бодовите“, велат од Кавадарци.

Тиквеш во овој дуел бара и продолжување на победничката низа пролетва. По високиот триумф над Арсими на гости од 0:5, дојде и домашната победа над Пелистер од 1:0, за да еве сега против последнопласираниот тим на табелата се бара трета позитива едно подруго.

Тиквеш има во моментов 30 бодови и се наоѓа на шестата позиција на табелата.

ПретходноПогледнете го последниот напад на ГРК Охрид – судиите дозволија да трае цела вечност (ВИДЕО)
СледноПрвата победа во Ф1 во кариерата за извонредниот тинејџер