„Финалисима“ дефинитивно откажана, Шпанија ќе игра пријателска со Србија

118

Наместо дуел помеѓу шампионите на Европа, Шпанија и на Јужна Америка, Аргентина, „Фуријата“ ќе игра пријателски дуел со Србија.

Ова е епилогот на сега веќе откажаниот дуел „Финалисима“ кој што требаше да се игра во Доха, но поради безбедносната состојба таму е откажан. Имаше обиди истиот да се пресели во Мадрид, па во Мајами, но од сето тоа нема да има ништо.

Наместо тоа, Шпанија си закажа пријателски меч со репрезентацијата на Србија.

ПретходноЈунајтед им се враќа на победите
СледноПиза со триумф над Каљари, Болоња со гостински бодови