Хет тик на Лусиано, Тиквеш одработи добар меч против Шкупи

101

Натпреварот во Кавадарци започна одлично за домашната екипа, која уште во првата посериозна акција стигна до водство. По брзиот продор по десната страна, Лавал со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата на гостите од Скопје. Веднаш потоа, Лусињо успеа да продре во шеснаесетникот на Шкупи, но неговиот обид беше запрен од гостинскиот голман.

Набрзо потоа, голманот Муслиу повторно беше на висина на задачата, спасувајќи го ударот на Гуели. Во 25-тата минута, Лавал се покажа како помоќен од противничката одбрана и упати удар кон далечниот агол, каде Лусињо само ја потврди акцијата и зголеми на 2-0. Следен кој ја тестираше одбраната на гостите беше Стојковски, но благодарение на одличната интервенција на Муслиу, резултатот остана непроменет. Истиот епилог го видовме и во следниот дуел меѓу Муслиу и Лавал, каде младиот скопски голман повторно излезе како победник.

Сепак, во 37-мата минута, по една брза контра, Лусињо мајсторски го лобуваше противничкиот голман, постигнувајќи го својот втор гол на натпреварот за високи 3-0 во корист на домашните. Второто полувреме започна со првиот сериозен обид на Шкупи, но ударот на Ферати заврши само покрај голот на Тиквеш. На спротивната страна, Тиквеш веднаш одговори преку Сула, чиј обид беше запрен со нозе од страна на голманот Муслиу. Сепак, веќе во следната акција, Лусињо повторно стапи на сцена. Со неверојатна ефикасност, тој го постигна својот трет, а набрзо и четврти гол на натпреварот, носејќи му на Тиквеш убедливо водство од 4-0.

Георгиевски беше стрелец на петтиот гол на овој натпревар. Стојанов беше стрелец на последниот гол на овој натпревар, во кој доминираа домашните фудбалери.

ПретходноНавивачите на Пелистер, прогласија нова држава во која главен град е Битола
СледноЏенова со гостински триумф кај Верона