Чупиќ: Ги чекавме нашите „пет минути“, момците одиграа шампионска одбрана!

448

Вардар 1961 направи голем исчекор кон титулата, откако вечерва во Битола славеше со 22-27. „Црвено-црните“ имаат шест бода предност во однос на Пелистер, што пак ветува кам-бекот на шампионскиот трон.

Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци со добра игра во второто полувреме успеаја да дојдат до двата бода во ова големо дерби.

„Првото полувреме игравме нервозно, со црвен картон, некако бевме многу нервозни и во транзиција, губевме топки и промашувавме зицери, но бевме во мечот. Во овој дел поради голманот и добрата одбрана, не дозволивме Пелистер да направи поголема разлика. Во вториот дел се договоривме да се смириме, да продолжиме со добра одбрана и дека нашите пет минути ќе дојдат, и дека Пелистер мора да го убрзаме во играта да ризикува и да ги чекаме нашите моменти.

Благодарност до Пелистер за фер и коректниот меч, имаше убава атмосфера, секогаш е добро да се игра во полна сала. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи за шампионска одбрана за титула и тоа ни донесе два бода.

Имаме уште три месеци од сезоната, половина март, цел април и мај. Има уште да се игра и за што да се бориме, и за титула и за Купот, и за Ф4 во Европската лига, така што, одиме чекор по чекор. Знаеме дека ова е маратон. Освоивме два важни бода, но одиме напред и гледаме кон следниот меч“, изјави Чупиќ по натпреварот.

ПретходноСо најдобриот на реваншот на „Етихад“: Мбапе се врати на тренинзите на Реал!(ФОТО)
СледноСабаленка победничка на Индијан Велс!