Шифрин со 109 победа во Светскиот куп

27

Американката Микаела Шифрин е победник на денешнот женски слалом кој што се возеше во шведскиот ски центар Оре во рамките на Светскиот куп.

Таа беше најдобра и по првото возење, за да на пиедесталот се искачи со точно време од 1:43:35.

На втората позиција се пласираше Ема Аичер со 94 стотинки заостанување, додека пак на третата позиција застана Венди Холденер.

Ова е вкупно 109 победа за американката во Светскиот куп, 72 во слалом, и седма во овој ски центар.

 

ПретходноРакометарите на Алкалоид во Охрид делеа автограми на најискрените фанови (ФОТО)
СледноВујошевиќ итно хоспитализиран, ја води најважната битка