Дебито во Битола започна со минута молчење во чест на жртвите во Кочани

79

Во овој момент се игра големото ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар 1961, на полувреме резултатот е 12-11.

Натпреварот се игра пред полни трибини, а истиот почна со минута молчње во чест на жртвите во Кочани. Утре се одбележува една година од големата трагедија кога во пожар во дискотека во Кочани згасна животот бројни млади деца.

Скопскиот состав водеше само на почетокот 0-1 и 1-2. Во деветта минута Вардар остана без Митровиќ, кој доби директен црвен картон при 4-3. Од овој момент битолчани направија серија од 3-1 за 7-4 во 12 минута. Овој налет го прекина Малус кој до 13-та минута постигна четири гола од вкупни пет за неговиот тим, а Вардар продолжи со серија од 3-0 израмни на 7-7 во 18-та минута.

Сепак резултатот се промени, па Пелистер во 24-та минута дојде на плус три (11-8). Вардар не успеа да искористи неколку напади за израмни, дојде на 11-10. Пешевски зголеми на 12-10. На одморот резултатот е 12-11.

ПретходноРишарлисон во 90.минута го шокираше Ливерпул на „Енфилд“!
СледноЈетон Беќири:“Задоволен сум од трите бода, но не сум задоволен од играта на Шкендија!“