“Извини мамо, ама…!“(ФОТО)

243
ФОТО:screenshot

Една сцена од “Олд Трафорд“ денеска од мечот Манчестер Јунајтед -Астон Вила, го обиколи светот. За време на натпреварот, се појави транспарент кој брзо стана вирален на социјалните мрежи.
На него, еден млад навивач на Манчестер Јунајтед остави кратка, но слатка порака за својата мајка. Банерот беше едноставен, но многу емотивен.
На него пишуваше:

Извини, мамо, но јас сум на мојот прв натпревар за Јунајтед. Среќен Ден на мајките. X, Лукас.“

 

Фотографијата од тој момент брзо се прошири низ интернет и предизвика бројни реакции кај фудбалските фанови. Многумина ја опишаа пораката како слатка и искрена.
Додека играчите славеа важна победа на теренот, малиот навивач на свој начин одбележа посебен ден – првиот натпревар на неговиот сакан клуб и порака што насмеа илјадници луѓе ширум светот.

ПретходноВардар ја фрли Битола во очај и направи ЏИНОВСКИ чекор кон титулата (ФОТО)
СледноМаџари без проблеми до победа против Чаир!