Неверојатно: Еве како се избламира Тер – Штеген!(ВИДЕО)

139
ФОТО:FC Barselona/FB

Денес е ден за избори во еден од најголемите клубови во светот. Се решава за тоа кој ќе биде претседател на Барселона, а кандидати беа Хоан Лапорта и Виктор Фонт. Марк-Андре тер Штеген дојде да гласа утрово, но германскиот голман доживеа неверојатна непријатност.
Многу поранешни играчи на Барселона исто така се појавија да гласаат, а многумина беа изненадени кога го видоа Марк-Андре тер Штеген, кој го напушти клубот во зима и моментално е на позајмица во Џирона, таму. Тер Штеген одлучи да гласа, но немаше поим каква непријатност ќе доживее.
Кога сакал да гласа, му било кажано дека тоа не е можно бидејќи го нема на списокот на лица со право на глас. Додека го барале неговото име, на лицето на Тер Штеген се гледало колку е засрамен и дека сака да „пропадне во земја“ од срам. Иако се надевал дека станува збор за некаква грешка што на крајот ќе биде решена, Тер Штеген навистина не можел да гласа бидејќи го немало на списокот.
Видливо разочаран, го напуштил гласачкото место и се вратил дома, а овој детаљ станал главна тема на социјалните мрежи.

 

ПретходноРафиња со хет-трик а се врати Гави: Барса ја прегази Севиља и повторно е на +4 од Реал!
СледноГаф на годината: Тудор му пријде на погрешен човек, мислеше дека е Слот!(ВИДЕО)