Големи, огромни проблеми за тимот на Баерн Минхен. Во пресрет на реванш дуелот од Лигата на Шампионите, против Аталанта следната недела, тимот остана без сениорска голман. Трите опции се повредени, и ситуацијата е алармантна.
Мануел Нојер подолг период е повреден. Неговата замена, Јонас Убриг во дуелот токму со Аталанта доживеа потрес на мозокот, а и третата опција, Свен Улрих се повреди на дуелот против Баер Леверкузен.
Па така, тренерот Компани сега мора да се сврти кон 16. годишниот Леонард Прескот, момче кое што е родено во САД, но кое што игра за репрезентацијата на Германија. Туку што беше приклучен на тренинзите на првиот тим, а е дел од У19 екипата на Баерн. Доколку не се случи некое чудо и Убриг и Улрих не се оправат во следните 48 часа, на дуелот со Аталанта на голот на Баерн ќе застане Прескот. Среќа во несреќа е што Баерн на првиот меч во Бергамо победи со 1:6.










