Ракометарите на Алкалоид во Охрид делеа автограми на најискрените фанови (ФОТО)

86
Фото: РК Алкалоид

Додека се зборува за негативните моменти од дерби дуелот помеѓу ГРК Охрид и Алкалоид во плеј-офот, кој заврши без победник (27-27) и со низа контроверзни одлуки, на штета на двете страни, одлучивме да споделиме и еден убав момент.

Салата „Билјанини извори“ синоќа беше исполнета до последното место, овој град почна да гради ракометна култура, барем за дерби натпреварите, а меѓу бројните фанови имаше и мали дечиња. Иако сите тие навиваат за ГРК Охрид, сепак имаат свои идоли во тимот на Алкалоид.

Марко Митев и Николов после драматичниот меч делеа автограми на нивните фанови, за фотографиите во продолжение не се потребни повеќе зборови. Брендот Алкалоид е составен од македонски репрезентативци, кои се повеќе ги освојуваат срцата на најискрените навивачи.

 

ПретходноЛука Дончиќ во прегратка со Марија Шарапова
СледноШифрин со 109 победа во Светскиот куп