Наместо дуел помеѓу шампионите на Европа, Шпанија и на Јужна Америка, Аргентина, „Фуријата“ ќе игра пријателски дуел со Србија.
Ова е епилогот на сега веќе откажаниот дуел „Финалисима“ кој што требаше да се игра во Доха, но поради безбедносната состојба таму е откажан. Имаше обиди истиот да се пресели во Мадрид, па во Мајами, но од сето тоа нема да има ништо.
Наместо тоа, Шпанија си закажа пријателски меч со репрезентацијата на Србија.










