ФФМ со важно известување за навивачите кои поседуваат билети за дуелот со Данска

99

Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение на сите оние кои купиле влезници за барааж дуелот меѓу Данска и Македонија за пласман на СП 2026.

„Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на Данска и Македонија соопшти дека од почетокот на следната недела ќе почне со дистрибуција на влезниците.

Сите оние кои купиле билети за секторот кој е предвиден за навивачите на македонската репрезентација од понеделник на своите мејл адреси ќе ги добијат влезниците.

Според последните информации во продажба има уште мал број на билети и сите оние кои немаат обезбедено влезница, а сакаат да ја бодрат репрезентацијата на Македонија на дуелот до Данска во Копенхаген може да купат.

Полуфиналниот бараж натпревар меѓу репрезентациите на Данска и Македонија се игра на 26 март на Паркен стадионот со почеток во 20 часот и 45 минути“, се вели во известувањето. 

ПретходноВо Охрид победи хуманоста – со срце за Ева!
СледноЛука Дончиќ во прегратка со Марија Шарапова