Чупиќ пред ракометното „Ел Класико“: Одиме во Битола да го победиме актуелниот шампион!

140

Недела е ден резервиран за големото ракометно дерби. Во салата „Боро Чурлевски“ Пелистер го пречекува Вардар 1961, дуелот е закажан со почеток во 19 часот. „Црвено-црните“ пред оваа пресметка се на лидерската позиција со 44 бода, четири повеќе од актуелниот македонски првак.

Ракометарите на Пелистер ќе имаат максимална поддршка од своите фанови, билетите веднаш се распродадоа. За нив победа ќе значи враќање на надежта дека можат да дојдат до уште една титула, на другата страна пак најтрофејниот со нови бодови од ова дерби ќе зачекори цврсто кон враќањето на пехарот.

Последната пресметка меѓу двата тима, исто се играше во Битола и заврши со убедлива победа на битолчани (28-23).

Пелистер влегува после поразот од Барселона во последниот меч од Лигата на шампиони, додека пак Вардар 1961 го има убедливото издание против Мелсунген на гости за директен пласман во четвртфиналето во Европската лига.

ПретходноСедлоски утре ќе го објави списокот за баражот за пласман на СП 2026!
СледноШкендија нема друг избор освен победа против Арсими: За нас секој натпревар е како финале!