Лука Дончиќ постигна победнички кош на половина секунда пред крајот на продолжението за победа на ЛА Лејкерс против Денвер од 127:125 . Херој за Лејкерси беше и Риверс, кој со неверојатен потег во последните секунди од регуларниот дел избори продолжение.
Лука Дончиќ беше лидер со трипл-дабл од 30 поени, 11 скока и 13 асистенции.
Гостите од Денвер водеа со 118:115 нешто повеќе од пет секунди до крајот кога решија да направат фаул врз Ривс за да спречат обид за тројка. Ривс го погоди првото слободно фрлање, а потоа второто намерно го промаши. Топката од предниот дел на обрачот се одби точно во неговите раце, по што тој погоди за израмнување на 1,9 секунди пред крајот на регуларниот дел.
На Нагетс не им помогна ниту уште една одлична партија на Јокиќ, кој го оствари својот 27. трипл-дабл сезонава со 24 поени, 16 скокови и 14 асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Арон Гордон со 27 поени, додека Хардавеј додаде 20.
Оваа победа е исклучително важна за Лејкерси во тесната борба за што подобра позиција во плејофот на Западната конференција.
Нагетс веќе обезбедија предност во меѓусебните дуели против Рокетс и Тимбервулвс, но со поразот од Лејкерси ја пропуштија можноста дополнително да ја зацврстат својата позиција во горниот дел од табелата.
Резултати:
Филаделфија – Бруклин 104:97
Атланта – Милвоки 122:99
Сан Антонио – Шарлот 115:102
Бостон – Вашингтон 111:100
Мајами – Орландо 117:121
Лејкерс – Денвер 127:125
Клиперс – Сакраменто 109:118










