Јетон Беќири:“Задоволен сум од трите бода, но не сум задоволен од играта на Шкендија!“

75
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Попладнево на свој терен под Шара, Шкендија со многу мака дојде до неопходните три бода против Арсими и тоа благодарение на прекрасниот гол на ветеранот Бесарт Ибраими. А така Шкендија и натаму е на -3 бода во однос на лидерот Вардар. Со оваа победа шампионот ја продолжува битката за титулата.

По мечот стратегот на тетовци, Јетон Беќири изјави:

Задоволен сум од трите бода и секако најважно се бодовите, но не сум задоволен од играта и интензитетот на тимот. Се чини дека постои еден вид летаргија кај играчите, можеби тоа е затоа што претходниот натпревар го игравме речиси целосно со 10 играчи. Дури и денес не сум задоволен од интензитетот и перформансите на тимот, но важно е што противникот не се закани во ниту еден момент. Треба да го архивираме како победа и целиот наш фокус да го вратиме на натпреварот во среда во Купот на Македонија.“

Тој ги коментираше и тензиите со некои навивачи:
„Мислам дека нашата сила била, е и верувам дека ќе продолжи да биде се нашите фанови. Зборувам и за фановите воопшто, не само за „Балистите“ кои беа прекрасни денес. Но, исто така, ги молам и останатите навивачи што доаѓаат да ја бодрат Шкендија да ги поддржи играчите, особено кога настапот не е каков што треба да биде. Би претпочитал целиот притисок, сите навреди и критики да бидат упатени кон мене, бидејќи играчите се тие што играат на теренот, а јас сум надвор од теренот. Во одредени моменти, играчите можат да прават грешки со своите реакции, исто како што ние правиме грешки, како што навивачите прават грешки и како што сите прават грешки“ рече покрај другото стратегот на Шкендија.

ПретходноДебито во Битола започна со минута молчење во чест на жртвите во Кочани
СледноКомо со пресврт до триумф над Рома!