Џенова со гостински триумф кај Верона

11

Со головите на Витиња и Остигард во вториот дел од дуелот, тимот на Џенова успеа на гостински терен да ја совлада Верона со конечни 0:2 во првиот дуел од денешната програма во Серија А.

Гостите на овој меч ги искористија своите шанси за разлика од домаќинот и заслужено ги носат трите бода дома.

Со овој триумф Џенова стигна до 33 бода и 13 место на табелата, а Верона веројатно си стави печат на својата виза кон Серија Б следната сезона. Има уште доста да се игра сезонава но овој тим со само 18 освоени бодови има „планина за искачување“ за да се спаси од релегација.

 

ПретходноХет тик на Лусиано, Тиквеш одработи добар меч против Шкупи
СледноАрда е најкреативниот играч во Лигата на шампионите оваа сезона