Вети и исполни, после долгата пауза се врати уште посилен: Обожавам да играм тука, во ваква атмосфера!

333

Милан Лазаревски одигра одличен натпревар во Битола, во победата на својот тим против Пелистер од 22-27 постигна седум гола од исто толку обиди. Оваа партија е само најава дека вардаровиот пикер и македонски репрезентативец е во добра форма после долгата пауза, она што го најави дека ќе се врати посилен од меч во меч го покажува на дело.

„Би сакал да потенцирам дека никогаш не е лесно да се победи на гостински терен во Битола. Екстремно тежок терен, но успеавме да ја оствариме мисијата. Ништо не е готово, победивме тука и лани, па не ја освоивме титулата. Имаме многу тешки ривали во плеј-офот, тука се и Охрид и Алкалоид.  Успеавме да ги победиме и нив во регуларниот дел, но нивниот квалитет е очигледен и затоа сметам дека борбата ќе биде тешка до самиот крај. Треба да останеме фокусирани и да го имаме истиот пристап на сите мечеви. 

Вечерва бевме веројатно поконсолидирани од актуелниот првак, иако Пелистер играше без својот прв среден бек Тајник, нешто што се почувствува и во разновидноста на нивната игра. Одигравме дисциплинирано, цел тим беше на потребното ниво. Понекогаш сме и ние послаби во дисциплината, но денес беше нешто посебно.

Едноставно, за вакви натпревари се игра ракомет. Прекрасна атмосфера во Битола, вистински празник на ракометот. Обожавам да играм тука, во ваква атмосфера. Во предност сме, ама не смееме да се опуштиме. Само со ваков пристап можеме да ги оствариме нашите цели“, истакна Милан Лазаревски.

ПретходноСабаленка победничка на Индијан Велс!
СледноПелистер се огласи после поразот од Вардар 1961, кој може ќе го чини титула