Неверојатен гаф, ова ќе биде можеби гаф на годината. Пред почетокот на големиот натпревар на „Енфилд“, тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, имаше момент што насмеа многумина. Додека ги правеше последните подготовки со својот тим, Тудор, како што сведочи видеото што кружи на интернет, замени еден член со Арне Слот, тренерот на противничкиот Ливерпул.
Ситуацијата траеше само неколку секунди, но доволно за да донесе насмевка на лицата на присутните.
Тудор, видливо збунет, набрзо ја сфати својата грешка, се насмеа и продолжи понатаму во потрага по „вистинскиот“ Слот. Очигледно, ќелавиот човек што стоеше до теренот го збуни Тудор, па помисли дека станува збор за човек кој е во својата втора сезона на клупата на „Црвените“.
Tudor definitely thought that was Slot, didn’t he… 😆😆 pic.twitter.com/NUJiwVxXLd
— Football Away Days (@FBAwayDays) March 15, 2026










