Никола Јокиќ „урлаше“ на клупата (ВИДЕО)

320

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаа уште еден болен пораз во НБА лигата, а овој пат Лука Дончиќ им пресуди во неизвесна завршница. Српскиот ас Никола Јокиќ направи сè, постигна поени, играше со своите соиграчи, ја презеде целата одговорност, а во еден момент дури и го замени тренерот Дејвид Аделман.

Камерите го снимија Никола како енергично им објаснува на своите соиграчи што треба да прават, а тие внимателно слушаа. Уште еднаш, тој ги покажа своите лидерски вештини на теренот и надвор од него, но овој пат тоа не вроди со плод…

Тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, неодамна зборуваше за тоа колку е навистина голема улогата на Јокиќ во тимот. Тој не се плашеше од одговорност и е свесен дека во некои моменти мора да го носи целиот товар.

 

ПретходноШок за Алкараз: Првиот пораз во годината го остави без финале на Индијан Велс против Синер
СледноЖарко Ристоски и Ал Хилал и официјално се крунисани!