Пелистер го чека тешка мисија за да се приближи до сонот – одбрана на титулата. Битолчани вечерва ја загубија битката со Вардар и сега имаат шест бода негтива на табелата во однос на вечниот ривал.
Иако до крајот има доста да се игра, сепак ова беше меч, кој мораше да се добие. Разочарувањето е големо, но на социјалните мрежи, Пелистер испрати кратка порака – Заедно и во победи и во порази…
Ракометарите на актуелниот македонски првак имаа полни трибини и одлична атмосфера, иако и самите фанови не се задоволни од крајниот исход, сепак не им преостанува ништо друго, освен да продолжат да ги бодрат своите миленици.










