Рафиња со хет-трик а се врати Гави: Барса ја прегази Севиља и повторно е на +4 од Реал!

61
ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/

Очекувано, лесно и убедливо. Ова е накусо како тоа Барса попладнево на свој терен во меч од 28.коло во Ла Лига, успеа да слави против Севиља и тоа со 5:1.Па така каталонската гордост повторно има +4 бода пред вториот Реал Мадрид.

Веќе во 20.минута беше 2:0 со двата гола на Рафиња и двата од пенал. Ова ретко се случува Барса да добие два пенали во првите 20 минути. Се чини дека и тука се реши победникот на овој меч. Потоа тимот на Ханси Флик само рутински си ја одработи задачата. Олмо во 38.минута стрелаше за 3:0 а во второто полувреме Рафиња и Кансело погодија за 5:1, претходно Осо во 45+3.намали на 3:1.

Да споменеме дека по цели седум месеци на терен се врати Гави, еден од клучните играчи на Барселона и репрезентацијата на Шпанија кој имаше тешка повреда. Тој во игра влезе во 82.минута на местото на Рафиња на воодушевување на сите во каталонската гордост.

ПретходноПиза со триумф над Каљари, Болоња со гостински бодови
СледноНеверојатно: Еве како се избламира Тер – Штеген!(ВИДЕО)