Со најдобриот на реваншот на „Етихад“: Мбапе се врати на тренинзите на Реал!(ФОТО)

55
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Добра вест за сите во таборот на „кралевите“. Имено најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се врати во тренинг кампот на тимот денеска, соопшти клубот.
Францускиот репрезентативец не играл од 21 февруари, кога доживеа нова повреда на коленото во текот на летото и одлучи да не игра додека повредата не биде целосно залечена. Тој дури се врати во Франција на една недела одмор и лекарски процедури. Се очекува Мбапе да биде дел од проширениот состав на Реал Мадрид за реваншот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Тренерот Алваро Арбелоа веројатно нема да смета на него во почетниот состав, но планира да му даде време за игра за да се врати во форма за дербито со Атлетико Мадрид следниот викенд.

ПретходноМаџари без проблеми до победа против Чаир!
СледноЧупиќ: Ги чекавме нашите „пет минути“, момците одиграа шампионска одбрана!