Вечерва во меч од плеј – офот во нашата ракометна лига во Кавадарци, домашниот Тиквеш со 25:20 успеа да го победи составот на Бутел. Ова беше и дерби на дното, па така сега кавадарчни му го препуштија последната позиција на табелата на ракометарите на Бутел.
Тиквеш од стартот на мечот знаеше што сака, целта беше победа и само победа. Токму затоа го доби првото полувреме во своја корист со +16 или 16:10. И тука се чини дека го реши победникот на овој меч.
Во продолжение од средбата гостите од Скопје се обидоа да фатат резултатски приклучок, ако не повеќе барем не дозволија Тиквеш да ја зголемува таа разлика. Па така на крајот домашниот состав си обезбеди победа на овој меч, апсолутно заслужен триумф со пет голови разлика.
Кај домашните се истакна во поглед на головите Мијушковиќ со 7 голови од 10 обиди, Коцев и Димовски запишаа по седум голови.Печурица на голот имаша 14 одбрани. Кај гостите Мице Шилегов постигна четири голови.










