Еве како Лазаревски се загреваше со чкембарската химна – „Еј другарче, еј скопјанче!“(ВИДЕО)

371

Вчера во мега – дербито во ракометна Македонија, Вардар успеа среде Битола да слави победа, и тоа екстра значајна, на гости кај актуелниот шампион, Пелистер. Победа која можеби ќе значи и титула. Милан Мечка Лазаревски беше брилјантен, веројатно ја одигра својата најдобра партија во досегашниот дел од кариерата.

Постигна седум голови од исто толку обиди, нешто што на вакви тешки мечеви, а посебно во едно големо балканско дерби, се граничи со фантазија.

Инаку интересно беше пред натпреварот пред преполните трибини во салата “Боро Чурлевски“ во Битола. Во моментот додека Лазаревски и останатите “црвено – црни“ се загреваа од разгласот беше пуштена чкембарската химна или песна – „Еј другарче, еј скопјанче“.

Лазаревски ова не го сфати како провокација, напротив, и тој си ја потпевнуваше оваа песна, со која само дополнително се мотивираше.

ПретходноФФМ потврди: „Фалангата“ во Копенхаген ќе доминира
СледноГест за почит: ФФМ потсети на трагедијата во Кочани – Нека им и е вечна светлината!(ФОТО)