Објавен списокот за дуелот со Данска: Кам бек на Николов, Бејтулаи, деби повици за Херера, Мусовски, Фетаи

472

За македонската фудбалска репрезентација денеска е посебен ден. Новиот селектор Гоце Седлоски официјално ја стартува својатга мисија со обајвување на списокот за претстојниот бараж полуфинален дуел против репрезенатцијата на Данска, кој што го играме на гостински терен на 26 март.

Се е подготвено за наш нов обид за мундијалска сензација, а што се однесува до составот за кој што се одлучи селекторот Седлоски во оваа прилика, промените се тука и се нормална појава кога на селекторското столче седнува нов лик.

Како дебитанти се појавуваат Себастиан Херера, колумбиецот со македонски пасош, како и Дени Мусовски кој што за прв пат се во А тимот.

Од друга страна пак, кам бек во репрезентацијата прави Егзон Бејтулаи, како и Бобан Николов од Вардар. Имран Фетаи од Шкендија исто така е новитет.

 

 

ПретходноБулатовиќ: „Пелистер во Кратово треба да покаже квалитет!“
СледноНастапот на Алиоски е под знак прашалник!