Станиќ одбра за дуелите против Италија и Ерменија

131

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојните квалификациски натпревар против Италија и Ерменија.

Станиќ за овие две средби на располагање ќе има 23. фудбалери меѓу кои има и неколку нови имиња.

ГОЛМАНИ: Васко Василев (Струга Трим Лум), Љупче Џеков (Силекс), Никола Филевски (Брегалница).

ОДБРАНА: Марко Стоилевски (АП Брера), Андрија Димески (Вождовац; Србија), Андреј Аризанковски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија Тетово), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија Тетово), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Давид Стојановски (Браво, Словенија).

СРЕДЕН РЕД: Матеј Ангелов (Работнички), Сејдо Дураков (Рот Вајс Ерфурт, ГерманијаО, Илија Масларов (Лугано, Швајцарија),Матео Софијаноски (Македонија ЃП), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Мухамед Куртиши (Базел, Швајцарија).

НАПАД: Димитар Данев (Вардар), Матеј Гаштаров (Борац Чачак, Србија), Кире Стојанов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Никола Манојлов (Работнички), Димитар Трајков (Дуго Поље, Хрватска)

Собирот на фудбалерите е на 23 март и по еден тренинг во Скопје, следува патувањето за Емполи каде на 26-ти се среќаваме со Италија додека пет дена подоцна следува соочувањето со Ерменија.

ПретходноМЗТ Скопје на „мускули“ го совлада Тиквеш
СледноПелистер подобар од Гостивар на свој терен