Попладнево пристигнуваат страшни вести од нашето соседство, поточно од Бугарија. Имено претседателот на ОФК Поморје, Христо Бургазлиев, бил застрелан во центарот на Бургас, објави ЕраНова. 57-годишниот маж беше пронајден мртов во патничкиот простор на неговиот автомобил со смртоносна рана на главата.
Полицијата беше повикана околу 15:17 часот на поради скршен прозорец на улицата„ Поп Георги“, а кратко потоа телото на Бургазлиев беше пронајдено на возачкото седиште на неговиот автомобил. Првично, се разгледуваше верзија за самоубиство со легално поседуван пиштол, но неофицијалните информации укажуваат и на друга хипотеза. Според изворите, пред инцидентот, тој имал конфликт, а кратко откако влегол во својот автомобил, друг маж го испукал смртоносниот истрел.
Истрагата продолжува, при што полицијата ги испрашува сведоците и ги запленува снимките од камерите во областа за да ја разјасни точната хронологија на тоа што се случило.










