Булатовиќ: „Пелистер во Кратово треба да покаже квалитет!“

16

Тешкиот распоред во финишот на вториот круг од првенството му донесе неколку исклучително тешки средби на битолскиот клуб, при што играше со три од првите четири тима на табелата, а со Струга и Силекс ремизираше на домашен терен.

Според тренерот Милан Стојаноски, неговите фудбалери биле исцрпени бидејќи во сите натпревари го дале својот максимум.

На последниот натпревар со Тиквеш видов дека играчите се уморни и токму на тој натпревар кој беше можеби клучен за нас, не успеаа физички да одговорат во првиот дел. Имавме добри партии претходно, пруживме добар отпор против големи фаворити, па сѐ уште жалам што не успеавме да направиме изненадување против Шкендија во Тетово. Тоа ќе беше одлично за моралот на играчите. За ова гостување ќе се коригираме, но како што секогаш велам, не зависи само од нас, туку и од тоа што ќе ни дозволи противникот. Немаме што да изгубиме, мораме да ги употребиме сите сили што ги имаме на располагање”, изјави шефот на стручниот штаб.

Пелистер на последните два настапи не успеа да постигне гол, па токму затоа ефикасноста е еден од клучните моменти за битолскиот тим во следните натпревари.

Пред нас е исклучително тежок меч во кој треба целосно да се вложиме против квалитетниот тим на Силекс. Сите се свесни за ситуацијата и потребни ни се бодови од секој натпревар. Ценам дека екипата е подготвена и мотивирана, доаѓаме во Кратово со јасна цел да покажеме квалитет на терен. Посакуваме да наметнеме наша игра, да ја задржиме концентрацијата и да бидеме компактни на сите линии”, додава најефикасниот играч на Пелистер, Лука Булатовиќ.

Како домаќин, Силекс не бил поразен од Пелистер од 2017 година. Натпреварот во Кратово се игра денес со почеток во 14.30 часот.

ПретходноЈосифов во деби-сезоната на клупата на Валдфиртел влезе во полуфиналето на плеј-офот
СледноОбјавен списокот за дуелот со Данска: Кам бек на Николов, Бејтулаи, деби повици за Херера, Мусовски, Фетаи