Информација од ФФМ: Купените билети за дуелот со Данска, навивачите ќе ги имаат до среда

99

Како наближува историскиот за нас дуел против Данска, во рамките од бараж мечевите за Мундијалот следното лето, нашиот табор полека но сигурно се мобилизира. Денеска беше објавен списокот на селекторот Гоце Седлоски, кој што ќе го има своето деби токму на овој дуел, а што се однесува до самата организација на мечот, од Фудбалската Федерација на Македонија ја споделија следната информација.

„Информација за билетите за натпреварот против Данска
Испораката / испраќањето на билетите за натпреварот против Данска започнува денес.
Сите што купиле билет ќе го добијат на својата e-mail адреса најдоцна до среда.
Ви благодариме за поддршката и се гледаме на стадион“се вели во објавата на ФФМ.

ПретходноХерера: Благодарам ФФМ, благодарам Седлоски, за Македонија ќе оставам срце на терен
СледноДориев: Пеш тргнувам од Узбекистан за националниот дрес